Оглас за наставен кадар 2024-25

Врз  основа на член 22 и 23 од Законот за работни односи (“Сл.весник на РМ” бр. 167/2015,27/2016,120/2018,110/2019,267/20 и 151/21), член 85 од Законот за основно образование (“Сл.весник на РСМ” бр.161/2019 и 229/20), член 3, 9 и 10 од Законот за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта (“Сл.весник на РСМ” бр.161/2019) и согласноста од МОН бр.12-8778/2 од 28.11.2024 година, ООУ “Димитар Миладинов”- Скопје, Центар на ден 11.12.2024 година  распишува

Ј А В Е Н   О Г Л А С
за вработување на наставен кадар на определено работно време во учебната 2024/2025 година до 31.08.2025 година. 

  1. Еден извршител Наставник по физичко и здравствено образование со работно време од 9 (девет) наставни часа неделно или 18 (осумнаесет) работни часа, на македонски наставен јазик. Основна нето плата од 15.944,00 денари 
  2. Еден извршител Наставник по мултикултурни работилници со работно време од 6 (шест) наставни часа неделно или 12 (дванаесет) работни часа, на македонски наставен јазик до враќање на избран директор, а најдоцна до 31.08.2025 година. Основна нето плата од 10.629,00 денари.
  3. Еден извршител Наставник по театар, уметност на емоциите со работно време од 6 (шест) наставни часа неделно или 12 (дванаесет) работни часа, на македонски наставен јазик до враќање на избран директор, а најдоцна до 31.08.2025 година. Основна нето плата од 10.629,00 денари.
  4. Еден извршител Наставник по германски јазик со работно време од 20 (дваесет) наставни часа неделно или 40 (четириесет) работни часа, на македонски наставен јазик. Основна нето плата од 35.432,00 денари 
  5. Еден извршител Наставник по француски јазик со работно време од 14 (четиринаесет) наставни часа неделно или 28 (дваесет и осум) работни часови неделно, на македонски наставен јазик до враќање на избран директор, а најдоцна до 31.08.2025 година. Основна нето плата од 24.802,00 денари 
  6. Двајца  извршители наставници по одделенска настава со работно време од 20 (дваесет) наставни часа неделно или 40 (четириесет) работни часови неделно, на македонски наставен јазик. Основно нето плата од 35.432,00 денари

Работното време e во една смена согласно распоред  на часови од понеделник до петок и започнува во 07.30 часот.Работниците имаат право на дневен, неделен и годишен одмор согласно со ЗРО. Кандидатите, покрај општите услови предвидени со Закон за работни односи, треба да ги исполнуваат и посебните услови предвидени во Законот за основно образование, Законот за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта, и Нормативот за наставен кадар за основно образование.

Кандидатите треба да ги достават следние документи: Пријава, Документ за завршено соодветно образование и Уверение за државјанство (оригинал или копија заверена на нотар). Огласот трае 3 (три) работни дена од денот на објавувањето. Некомплетните и ненавремено доставени документи нема да се разгледуваат. Изборот на кандидатите ќе се изврши во рок во зависност од пријавените кандидати согласно член 23 став 2 од ЗРО.

Потребните документи да се достават лично до архивата на  ООУ ”Димитар Миладинов “-Скопје, Центар Бул.Кочо Рацин бр.17, Скопје од 09.00-12.00 часот.  Контакт тел:  02 3161 448.

ООУ „ Димитар Миладинов“- Скопје, Центар
директор
Марија Варсамис Симоновска