По повод новогодишните активности како концерт, приредба, претстави и слично, во свечена сала во сабота на 21-ви од 10 ч. интервентна доброволна акција, со цел да ги поправиме повеќето столици коишто се оштетени и не можат како такви да се користат. Со што сметаме дека со мала поправка истите може да се ставаат во функција и да обезбедиме подобри услови за претстојните активности.
Алат
- Ел. Штрафилици
- Штрафцигери
- Чекан
- Хефталица
- Клешти
- Поп клешта (пиштол)
- Апарат за заварување
Материјал
- Штрафови за дрво
- Лепак за дрво
- Муниција за хефталица
- Муниција поп нитни
Насоки за работа
За конкретните столици најчест проблем е наслонот кој се држи на 4 штрафчиња кои поминуваат низ металните квадратни профили низ кои веќе има дупки, само треба да се прицврстат со нови штрафови.
За седалото треба да провериме како е оригинално прицврстено па дали ќе го залепиме или заштрафиме со помала димензија штрафови преку квадратните метални профили на кои лежи.
Пријавете се како доброволци и помогнете ни да го направиме нашето училиште подобро место за сите нас!
Со почит,
Советот на родители на ООУ „Димитар Миладинов“ Скопје, Центар