Се случи магија!
На 01.03.2025 година (сабота) го прославивме прекрасниот руски празник Масленица со незаборавна приредба!
Уживавме во богатата програма, која нѐ воведе во традицијата на овој празник. На крајот, се засладивме со вкусни палачинки и го проследивме симболичното палење на сламената кукла, што означува крај на зимата и почеток на пролетта.
Огромна благодарност до наставничката Елена Демчик, чија страст и посветеност го направија овој ден толку посебен! Благодарение на нејзиниот труд, учениците од најмала возраст се мотивирани да го изучуваат рускиот јазик и да ја запознаат руската култура.










