Ученици и пензионерки заедно учеа вештини

На 07.04.2025 година, во нашето училиште се одржа прекрасна работилница во соработка со Активот на жени пензионерки од општина Центар и самата општина. На работилницата учествуваа ученици од седмо одделение, кои се дел од изборниот предмет Вештини за живеење.

Учениците имаа можност да научат нови вештини како плетење, кроење и шиење, а по повод празникот Благовец, тие ги покажаа своите кулинарски способности и подготвија вкусни слатки со различни вкусови.

Активот на жени пензионерки од општина Центар беа воодушевени од топлиот прием од страна на директорката Соња Д. Богдановска и наставниците Соња Д. Богдановска и Ивица Трајковски. Тие си заминаа со насмевки на лицата, импресионирани од активното учество и големото внимание на учениците.

Нашите ученици со голем интерес следеа, учеа и соработуваа беспрекорно, уживајќи во секој дел од работилницата и стекнувајќи практични знаења и вештини.

Изразуваме голема благодарност до Активот на жени пензионерки и општина Центар за оваа прекрасна идеја и се надеваме на многу други успешни соработки во иднина!