Нашите талентирани математичари од ООУ „Димитар Миладинов“ – Скопје, Центар, постигнаа одличен успех на Државниот натпревар по математика, одржан на 3 мај 2025 година.
Со гордост ги објавуваме следните резултати:
- 🥇 Филип Хаџи Велков (9 одд.) – I награда
- 🏅 Јоана Саламовска (7 одд.) – II награда
- Јордан Соколовски (9 одд.) – Пофалница
- Ина Пауновска (8 одд.) – Пофалница
- Соња Топаловски (6 одд.) – Пофалница
Им честитаме на сите ученици за освоените награди и за одличното претставување на нашето училиште. Со нетрпение ги очекуваме нивните идни успеси и им посакуваме многу среќа на претстојната Олимпијада! 🍀