Пролетен излет на учениците во Сарај

13 Мај 2025 година, учениците од прво до деветто одделение од ООУ „Димитар Миладинов“ – Скопје, Центар, заедно со своите наставници, го реализираа планираниот пролетен еднодневен излет во живописното излетничко место Сарај.

Сончевиот ден беше совршена прилика за нашите ученици да уживаат во различни рекреативни и спортски активности на отворено. Денот помина во одлична атмосфера, исполнет со смеа, игри и незаборавни моменти во природа.

Овој излет беше прекрасна можност за учениците да се релаксираат, да се поврзат со природата и да создадат убави спомени надвор од училниците.