Со огромна гордост го споделуваме извонредниот успех на нашиот ученик Филип Хаџи Велков од 9-в одделение. На престижниот натпревар Јуниорска македонска математичка олимпијада, одржан на 18 мај 2025 година, Филип освои сребрен медал! 🥈
Овој значаен успех му отвора врати на Филип да се натпреварува за место во македонската екипа што ќе ја претставува нашата земја на Јуниорската балканска математичка олимпијада.
Од срце му честитаме на Филип за освоениот медал и за трудот што го вложил. Ти си вистинска гордост за ООУ „Димитар Миладинов“ – Скопје, Центар! Му посакуваме многу среќа и успех на следните натпревари. 👏👏👏