Филип Хаџи Велков е Првенец на генерацијата 2024/25!

Со огромна радост и гордост објавуваме дека ученикот Филип Хаџи Велков е избран за ПРВЕНЕЦ НА ГЕНЕРАЦИЈАТА во ООУ „Димитар Миладинов“ – Скопје, Центар за учебната 2024/2025 година.

Филип ја заслужува оваа престижна пофалба благодарение на неговите извонредни постигнувања и исполнувањето на сите критериуми за избор на најдобар ученик.

Горди сме на тебе, Филип! 🏆 Твојот труд, посветеност и успеси се инспирација за сите нас. Ти посакуваме многу среќа и уште поголеми достигнувања во средното образование и во иднина! 🍀