Причинета голема материјална штета при големото невреме во центалното градско подрачје

На ден 30.08. 2022 при големото невреме во центалното градско подрачје беше причинета голема материјална штета на околните згради чии цели кровни конструкции беа паднати во училишниот двор во ОУ Димитар Миладинов – Центар. Причинувајќи голема материјална штета на фудбалско игралиште и трибините, во предниот дел од училишниот двор. Како последица на силниот ветар при невремето беа паднати и неколку дрва. Но, со  навремена интервернција на екипите од општина Центар последиците од невремето беа отстранети и беше овозможен непречен почеток на новата учебна година.