🪻Ден на пролетта🪻

По повод 21 Март – Денот на пролетта и Денот на екологијата 🌸🌍, во нашето училиште се реализираше еко-настан со учениците од 7а и 7б одделение.

Учениците активно се вклучија во уредувањето на училишниот двор преку собирање отпад во вреќи и засадување на елка, со што дадоа значаен придонес за почиста и поздрава животна средина.

Со голема посветеност, одговорност и тимска работа, тие успешно ја завршија активноста, покажувајќи дека грижата за природата започнува од секој од нас.

Настанот се реализираше под водство на наставниците:
Соња Дракуловска Богдановска
Рената Апостолова
Марија Крстева
Наташа Велковска

Горди сме на нивниот труд и позитивен пример!

📸 Во продолжение погледнете дел од атмосферата.