Со особена чест и гордост ве информираме дека во нашето училиште успешно се одржа Општинскиот натпревар во шах, на кој учествуваа рекордни 200 ученици од сите основни училишта од Општина Центар.Натпреварот беше реализиран со претходна селекција на учесниците од страна на селекторот на македонската шаховска репрезентација, Орце Данчевски, со што се обезбеди високо ниво на квалитет и натпреварувачки дух.Како домаќини, заедно со Општина Центар и Шаховската федерација, вложивме максимални напори за да овозможиме беспрекорна организација и услови, достојни за еден ваков значаен настан.Особена чест ни беше присуството на градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, кој се обрати со инспиративен говор до присутните и одигра шаховска партија, испраќајќи силна порака за важноста на шахот во образованието. Во своето обраќање, тој истакна дека шахот ќе биде воведен како изборен предмет во училиштата.Изразуваме искрена благодарност до директорката Марија Апостолова за нејзината посветеност, поддршка и одлична организација, како и до одговорните наставници-ментори Јован Миловски и Моника Јаневиќ-Неделковска, кои со својот труд и ангажман дадоа значаен придонес за успехот на настанот.Посебна благодарност упатуваме за доделувањето на наградите, како и до раководителката за јавни дејности Јагода Јанковска и Трајанка Тасевска – Советник за развој и промоција на спортот во Општина Центар, како и до сите наставници и вработени од нашето училиште за нивната поддршка и помош во успешната реализација на настанот.👏 Честитки за нашите ученици Новак Миленковиќ (5в одд.) и Павел Крстевски (8б одд.) кои го освоија првото место и достојно го претставија нашето училиште!♟️ Шахот не е само игра — тој е вештина што го развива логичкото размислување, концентрацијата и дисциплината кај младите.Горди сме што бевме дел од еден ваков значаен настан кој ги поттикнува младите да размислуваат, да учат и да се натпреваруваат со достоинство!


















