♾️Недела за подигнување на свеста за аутизмот♾️

Неделата за подигнување на свесност за аутизмот ја започнуваме со заедничка активност исполнета со дружење, учење и позитивна енергија 🤍

Учениците од ОУРЦ „Д-р Златан Сремец“ заедно со учениците од IV A одд. и наставничката Снеже Тодорова од ООУ „Димитар Миладинов“ – Центар, реализираа заедничка посета на Музеј на РС Македонија .
Преку оваа активност, учениците имаа можност да се запознаат со културното наследство, да споделат искуства и да градат нови пријателства.

Ваквите заеднички активности се од особено значење, бидејќи поттикнуваат инклузија, разбирање и прифаќање – вредности кои се темел за едно похумано општество.
❤️