Центар за талентирани ученици, како резултат на меѓуопштинската соработка меѓу општините Центар, Карпош и Кисела Вода. Носител на овој проект е Општина Центар преку Центарот за развој на Скопски плански регион, а партнерски општини се Карпош и Кисела Вода.
Центарот за талентирани ученици ќе овозможи вмрежување меѓу талентите од трите општини, размена на знаења и искуства, стекнување на нови вештини и подготовка на младите за домашни и меѓународни натпреварувања.
Реализирани се три фази и тоа: проектна документација, реконструкција на објектот, набавена е стока за опрема на кабинети со вкупна вредност од 5.526.318 мкд.
Центарот располага со површина од 120 квадратни метри и вклучува три посебни простории и тоалет, опрема за планетариум и физика, биохемиска лабораторија и лабораторија за уметности.
Просторот е со посебен влез, физички одвоен од влезот во училиштето.
Овој Центар за талентирани ученици е прв во главниот град и има исклучително значење за талентираните ученици кои немаат катче каде ќе можат да ги развиваат и усовршуваат своите таленти, знаења и способности.
Учениците во ова катче можат да работат со своите наставници, додека трошоците за редовните комуналии за просторот, струјата и парното ќе ги покриваат сите три општини заедно.
Центарот за талентирани ученици ќе влезе и во креирањето на општинските буџети со цел талентираните ученици да го градат и развиваат својот талент и во наредните години.
Општина Центар исто така обезбедува и одговорно лице кое ќе се грижи за Центарот за истиот да им служи уште долги години на учениците кои поседуваат одреден талент.