Денес, учениците од IV б одделение од ООУ Димитар Миладинов-Центар, заедно со своите наставнички: Даниела Гајдова и Славица Димитриевска присуствуваа на еден интересен настан „Плетење венче – за Ѓурѓовден“ во Музеј на Република Северна Македонија.
Заедно со над 200 ученици, плетеа венчиња за Ѓурѓовден, кое во минатото го плетеле од разни растенија и цвеќиња, кои ги берале по полињата. Венчето, кое е симбол на пролетта, вегетацијата, здравјето и убавината.
Настанот е во организација на м-р Наде Костадиновска-Спасеновска, кустос етнолог. Во реализација на настанот учествуваат: малите играорци од Ансамблот „Никола Јонков Вапцаров“ и учениците од ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ – Насока за традиционална музика и игра и секако вработените во Музејот.