Прв училишен ден

📣Денес е 1ви Септември, првиот училишен ден. Во училишниот двор на ООУ “Димитар Миладинов”-Центар, повторно се слушнаа детските гласови. Некои радосни, некои исплашени, но сите заедно возбудени. Со нетрпение ги дочекавме нашите првачиња. На сите нив им посакавме успешен почеток на новата учебна 2023/2024година. Им упативме желба за лесна и успешна работа.

📚На овој прв училишен ден, нашите најмлади го прават најважниот чекор во нивните животи. Овој ден, го очекуваа со голема возбуда и треперење во своите срца. 🛎️Со нетрпение го очекуваа првото училишно ѕвонче кое ќе го означи почетокот на новата учебна година.

Општина Центар – Скопје максимално се вложуваше во подготовките за успешен почеток на учебната година, за поквалитетни и подобри услови за работа.

😊Посакуваме овој ден да биде исполнет со радост, смеа и позитивна енергија.

Среќна и успешна учебна година 🍀