Признане за ознака за европско училиште

📣Денес нашето училиште се закити со уште едно Признане за ознака за европско училиште. ООУ”Димитар Миладинов” -Центар, ја продолжува традицијата на европско училиште благодарение на ова признание. Квалитетот на наставниот кадар и нивниот вложен труд преку учество и изработка на проекти на Етвининг платформата успешно се препознава наназад веќе неколку години. За вложување и мотивираност за учеството во проекти од Етвининг платформата има и наставникот Амбасадор Аида Петровска.

Национална агенција за европски образовни програми и мобилност го препознава овој квалитет заедно со Европската комисија за образование. Да се множат наградите и во иднина 🍀