Приредба ,,Посади љубов за да владее мир’’

Прекрасна приредба под мотото ,,Посади љубов за да владее мир’’ која ја подготвија учениците и наставниците од ООУ „Димитар Миладинов’“ по повод нивниот патронат.

Им посакуваме многу успеси, но и да се гордеат што нивното училиште го носи името на големиот учител, просветител и литературен творец Димитар Миладинов.

69 години постоење на училиштето ,,Димитар Миладинов’’ е сериозна бројка во која низ образовниот и воспитниот процес поминаа низа генерации.

Нека им е честит патрониот празник!