Новогодишна магија

Новогодишната магија стигна и во ООУ „Димитар Миладинов“ Центар на 27.12.2023 год. Наставничката Соња Богдановска и нејзините ученици од VI а и VIII г одд., како и најмалите учесници од III а одд. на наставничките Лидија Путиќ и Симона Анастасовска ни подготвија Новогодишен мјузикл под мотото ,,Посакај среќа за сите деца во светот“.

Со останати точки настапија и наставничката Ана Арсоска по германски јазик со своите ученици од VI a, VII a, б, в, VIII а, б, в, г и IX a oодд. со песната “Ѕвонете ѕвончиња”.

Наставничката Елена Демчик и Лидија Бозаревска со учениците од IV в одд. настапија со новогодишна песна на руски јазик. Наставничката Наташа Самарска и нејзините ученици од IV б одд. ни посакаа Стеќна Нова година!