Општинскиот натпревар по предметот географија

🏆На општинскиот натпревар по предметот географија, кој се одржа на ден 17.02.2024 година, ученичките Мила Митровска од 7в и Нина Лазаревска 7а постигнаа одлични резултати.

🥇Ученичката Мила Митровска го освои првото место на натпреварот и ги освои максималните 100 поени под менторство на наставничката Мр. Наташа Велковска.

На 17.02.2024 година се одржаа општинските натпревари по географија за ученици од VII, VIII и IX одделение.

На општинските натпревари учествуваа околу 800 ученици кои оваа година своите знаења ги покажаа преку апликацијата Google Meet.

На регионален натпревар право на учествуваат сите ученици кои освоиле прво, второ и трето место од соодветната општина и сите кои имаат освоено 85 и над 85 бода на натпреварот.
Доколку од општината нема ученик со над 85 бода, првопласираниот (еден) од соодветната општина, се приклучува кон учениците кои се пласирани за регионалниот натпревар, но не помалку од 65% од максимално предвидените бодови на општинскиот натпревар.

ОФИЦИЈАЛНА РАНГ ЛИСТА ЗА СЕДМО ОДДЕЛЕНИЕ

ОФИЦИЈАЛНА РАНГ ЛИСТА ЗА ОСМО ОДДЕЛЕНИЕ

ОФИЦИЈАЛНА РАНГ ЛИСТА ЗА ДЕВЕТТО ОДДЕЛЕНИЕ

За повеќе информации на следниот линк