Археолошки музеј на град Скопје

Учениците од III-a одделение на ден: 18.4.2024 г. по повод Светскиот ден на спомениците и археолошките локалитети го посетија Археолошкиот музеј на град Скопје. Учениците се запознаа со археолошката збирка од периодите од неолитот до средновековието низ артефакти кои потекнуваат од главните археолошки наоѓалишта и урбани центри.

Учениците од III-a одделение на ден: 18.4.2024г. ја посетија изложбата на јапонски кукли ,,Нингјо” во Археолошкиот музеј на град Скопје. Во рамките на изложбата беа претставени 67 кукли поделени во четири категории: „Нингјо за молитва на детскиот развој“, „Нингјо уметност“, „Нингјо фолклор“ и „Ширењето на Нингјо-културата“. Куклите претставуваат сеопфатен преглед на моделите на јапонските кукли, од Каташиро и Амагацу, кои се сметаат за архетипови на јапонски кукли, преку локални кукли кои ги рефлектираат климата и анегдотите од целата земја, како и кукли играчки од денешницата кои се ценети низ целиот свет.