Традиционален Фудбалски инклузивен турнир

На 18.04.2024 год. на фудбалските терени на ФФМ нашиот училишен фудбалски тим учествуваше на традиционален Фудбалски инклузивен турнир под мотото

,, И ние сме дел од Вас” во организација на училиштето ДСУ,,Св. Наум Охридски” и под покровителство на Фудбалската Федерација на Македонија.

На настанот учество земаа

ДСУ ,,Искра” – Штип,

ООУ ,,Ванчо Прке” – Штип, ОУРЦ ,,Маца Овчарова” – Велес, ДСУ ,, Св.Наум Охридски” – Скопје,

ООУ ,,Марко Цепенков”. Учествуваа вкупно 100 ученици. Турнирот има за цел да се поттикне спортот и надминување на различностите во нашето општество.