🌸 Ден исполнет со многу љубов, креативност и убави моменти! 🌸
Учениците од ООУ „Димитар Миладинов“ – Центар со многу активности го одбележаа 5 Октомври – Денот на учителот ❤️
Со многу љубов и внимание, учениците подготвија прекрасни изненадувања за своите наставници, напишаа и отпеаа песни посветени на нив, создадоа прекрасни ликовни творби, цртаа и твореа, а посебно внимание привлече и подготовката на најубавите десерти, направени со многу труд и љубов. 🎶🎨🍰
Секој ученик на свој начин покажа колку значат нивните наставници и колку е убаво кога училиштето е место исполнето со знаење, почит, благодарност, креативност и љубов ❤️
Благодарност до сите ученици и наставници кои придонесоа овој ден да биде исполнет со насмевки, радост и незаборавни моменти! 🌷
Среќен 5 Октомври – Ден на учителот! 📚❤️🌸
