🕯️ „Учителот е свеќа која гори за да им го осветли патот на своите ученици.“ 🕯️
📚 5 Октомври – Светски ден на учителот
Денес, по повод 5 Октомври – Денот на учителот, нашето училиште ООУ „Димитар Миладинов“ – Центар го одбележа овој значаен ден со низа убави и инспиративни активности.
Учениците учествуваа во литературно читање на творби на тема „Мојот учител“, рецитираа стихови посветени на македонските просветители и поети, а во помалите одделенија беа реализирани и различни креативни и едукативни активности посветени на учителот и неговата благородна мисија.
Преку зборот, стихот, творештвото и детската искреност, учениците ја изразија својата благодарност кон оние кои секојдневно ги водат, охрабруваат и инспирираат да веруваат во себе и во своите можности. ❤️
🌟 Честит 5 Октомври – Ден на учителот!
Честитки до сите учители, наставници и професори кои со љубов, посветеност и несебичен труд секојдневно вложуваат во знаењето, воспитувањето и развојот на младите, создавајќи здрави, успешни, образовани и одговорни идни генерации.
🙏 Ви благодариме што сте светлина на патот на нашите ученици!





ООУ „Димитар Миладинов“ – Центар 📚❤️
