По повод Детската недела, нашите најмали ученици од ООУ „Димитар Миладинов“ – Центар свечено го одбележаа својот посебен ден – влегувањето во Детската организација. ❤️
Со многу насмевки, радост и песна првачињата го направија својот прв чекор во Детската организација и станаа дел од големото детско семејство.
Им посакуваме среќно и безгрижно детство, многу нови пријателства, убави моменти и успеси во нивните први училишни години! 🎒🌈📚
Добредојдовте, драги првачиња! ❤️






