Големо признание за хуманоста на нашите родители!
Со гордост ве известуваме дека Општинската организација Црвен крст – Центар додели Благодарница на Советот на родители во ООУ „Димитар Миладинов“.
Ова признание пристигнува за нивниот значаен придонес и несебична поддршка во реализирањето на националната програма „Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности“ (ЦКА-ПХВ).
Искрена благодарност до Црвениот крст за препознавањето на нашиот труд, но најголемата благодарност до родителите на нашите ученици. Вашата хуманост, ангажираност и подготвеност секогаш да помогнете се вистински пример за децата и доказ дека заедно можеме да направиме големи дела за заедницата!
Хуманоста е наша заедничка вредност! ❤️


