„Ден на францускиот јазик“ на Институтот за македонски јазик

Денес нашите ученици од 9-то одделение при ООУ „Димитар Миладинов“ – Скопје, Центар присуствуваа на настан по повод „Ден на францускиот јазик“ 🇫🇷, кој се одржа на Институтот за македонски јазик.

Благодарност за поканата добиена од Катедрата за романски јазици и книжевности при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје. Учениците имаа можност да слушнат за придобивките од францускиот јазик, за можноста за добивање стипендија од Фондацијата „Констанин Стојанов“ и слушнаа убави искуства од престојот во Франција на студентите благодарение на стипендиите.

Сите фотографии на Facebook →