Успех за учениците од ООУ „Димитар Миладинов“ на меѓународниот спортски турнир во Сплит

Нашите ученици, под менторство на наставничката Марина Јакшиќ, учествуваа на меѓународниот спортски турнир „Sport 2 Life Cup 2026“ во Сплит 🇭🇷, кој се одржа од 8 до 10 октомври, и го освоија петтото место во кошарка! 🏀🏆👏

Ова учество е многу повеќе од спортско натпреварување. Тоа е можност за стекнување нови пријателства, размена на искуства, дружење со врсници од други земји и развивање на тимскиот дух, упорноста и фер-плејот.

Искрена благодарност до Општина Центар за поддршката и за создавањето можности нашите ученици да бидат дел од вакви меѓународни спортски настани. Ваквите искуства се драгоцени за нивниот личен развој, самодовербата и мотивацијата за нови успеси.

Сите фотографии на Facebook →