По повод Неделата за борба против гладта, која Црвен крст на Република Северна Македонија традиционално ја одбележува од 16 до 22 октомври, и нашето училиште се вклучи во хуманитарната кампања „Помислете на нас“. ❤️
Учениците донесоа прехранбени продукти – брашно, шекер, сол, масло за јадење, ориз, грав, конзервирана храна, тестенини, супи и кечап – и собраната помош ја предадоа на волонтерите на Црвен крст – Центар.
Помошта ќе биде искористена за подготовка на семејни пакети со прехранбени продукти за социјално загрозени семејства.
Им благодариме на сите ученици и семејства кои се вклучија во акцијата. Хуманоста е наша заедничка вредност!







