Денес учениците од Vа одделение, на часот по Природни науки, ги претставија своите изработки на тема „Атмосферата“. 🌍
Од картон, хартија, бои и памук изработија макети и паноа на кои ги прикажаа слоевите на атмосферата, од тропосферата до егзосферата. Во нив се најдоа облаци и авиони, метеори, ракети и сателити, секој во својот слој.
Им благодариме на учениците за трудот и креативноста!








