Општина Центар денес додели стипендии на талентирани ученици од основните училишта за нивните постигнувања во областа на културата.
Со особена гордост споделуваме дека меѓу стипендистите се и четворица наши ученици од ООУ „Димитар Миладинов“:
Климентина Веселинова – VIII одделение, виолина;
Илина Руменова – IX одделение, танц;
Калина Анчева – IX одделение, танц;
Новак Цветковски – IX одделение, пијано.
Особено сме горди на Елена Стефановска од IX-в одделение, која го освои првото место за најдобра литературна творба на тема „50 години Општина Центар“.
Им честитаме на сите наши ученици за заслужените признанија, вложениот труд и посветеноста. Им посакуваме уште многу успеси, нови достигнувања и можности да ги развиваат и покажуваат своите таленти.





