72 години ООУ „Димитар Миладинов“ – Центар, Скопје

Под мотото „Безгрижен свет од детски насмевки“ во свечената сала на нашето училиште, со многу емоции, радост, гордост и искрени детски насмевки, го одбележавме патрониот празник – 72 години постоење, традиција, знаење и заедништво. ❤️

Преку песна, игра, музика и драмски изведби, нашите ученици и наставници испратија силна порака за свет во кој детството е безгрижно, исполнето со љубов, почит, пријателство и меѓусебно разбирање.

Секој настап беше посебна приказна, секоја насмевка искрена емоција, а секој момент потсетник дека училиштето не е само место каде што се стекнува знаење, туку и место каде што се создаваат вредности, се градат пријателства и се чуваат спомени за цел живот.

Посебна радост и емоција ни донесе настапот на нашите драги гости од ОШ „Краљ Петар Први“ од Белград, кои со своето присуство и учество ја збогатија свеченоста. Нивното гостување беше уште една потврда дека пријателството не познава граници, дека детската насмевка зборува на ист јазик и дека најубавите врски се создаваат преку дружење, почит и заеднички спомени. Благодарни сме што беа дел од нашиот празник и што заедно продолжуваме да ја негуваме нашата искрена пријателска врска.

Горди сме на нашите ученици, на посветеноста на наставниците и на сите кои со својата работа, љубов и поддршка се дел од приказната на „Димитар Миладинов“.

Нека детските насмевки бидат нашата најголема инспирација, а љубовта, почитта и заедништвото нашата најголема сила!

Среќен патронен празник! ❤️

Сите фотографии на Facebook →