Најмалите ученици го одбележаа 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје

Нашите најмали ученици од ООУ „Димитар Миладинов“ го одбележаа 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје. ❤️

Преку своите креативни ликовни и уметнички творби, песнички и детски изрази, тие ја покажаа својата љубов кон родниот град. Со многу боја, фантазија и детска искреност, создадоа мали уметнички дела посветени на Скопје – градот во кој растат, учат и ги создаваат своите најубави спомени.

Скопје во детските очи е град исполнет со бои, насмевки и безброј приказни. ❤️🏙️

Сите фотографии на Facebook →