По повод 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје, учениците од IV-a одделение при ООУ „Димитар Миладинов“, заедно со своите наставнички Весна Кусакатска и Елица Филиповска, подготвија приредба посветена на нашиот град. 🇲🇰
Преку рецитации, литературни и ликовни творби, како и песна посветена на Скопје, учениците ги изразија својата љубов, почит и гордост кон градот во кој растат и создаваат спомени.
Со детската креативност, искрените пораки и љубовта кон Скопје, уште еднаш потсетија дека градот го прават посебен луѓето, спомените и генерациите што го сакаат. ❤️
Среќен 13 Ноември, Скопје!
