На 17.11.2026 година, учениците од IV-А и IV-Б одделение реализираа едукативна посета на Општина Центар.
За време на посетата, учениците остварија средба со градоначалникот г. Горан Герасимовски, му поставуваа прашања за неговата работа и активностите на Општината, а ги споделија и своите размислувања и идеи.
Преку оваа посета, учениците на непосреден и интересен начин се запознаа со улогата и значењето на Општината во секојдневниот живот на граѓаните.
Благодарност до градоначалникот и вработените во Општина Центар за срдечниот пречек и гостопримството!





