Спортски успеси и признанија за нашите ученици

Денес, 18.11.2026 година во спортската сала „Македонско сонце“, во рамките на ООУ „11 Октомври“, се одржа свеченото отворање на Лига Центар 2026/2027, настан на кој градоначалникот на Општина Центар ги додели и стипендиите за талентирани ученици од областа на спортот.

Со особена гордост истакнуваме дека меѓу добитниците на спортските стипендии се и нашите ученици од ООУ „Димитар Миладинов“, кои со својот талент, посветеност, труд и постигнати спортски резултати заслужено го добија ова признание.

Честитки, Ви посакуваме уште многу спортски успеси, нови достигнувања и победи.

Горди сме на вас ❤️👏

Сите фотографии на Facebook →