На Државниот натпревар во пливање за основни училишта, кој денеска, 26 ноември 2026 година, се одржа во Куманово, нашата ученичка Теодора Колческа постигна извонреден успех, освојувајќи две златни медали! 🥇🥇
Теодора го освои првото место во дисциплината 50 метри слободно, а одличниот настап го круниса и со златен медал на 50 метри делфин.
Со посветеност, труд и несомнен талент, Теодора уште еднаш покажа дека е млада пливачка со блескава иднина и достојно ја оправда титулата стипендист.
❤️ Честитки за Теодора! Горди сме на нејзиниот успех и посакуваме уште многу победи, нови медали и спортски достигнувања!
Браво, Теодора! 🏆👏



