Во текот на месецот, во нашето училиште се реализираа низа интересни научни експерименти по предметите Биологија, Физика и Хемија, преку кои учениците имаа можност да ја истражуваат науката на практичен начин.
Од биолошките експерименти „Лебдечки дискови – фотосинтеза“, „Градба на растителна клетка“ и набљудување на растот и ‘ртењето на семето од грав, до физичките експерименти со еластична потенцијална енергија, хидрауличен лифт и површински напон на водата.
Посебно внимание привлекоа и хемиските експерименти: „Слонова паста“, „Дух во шише“, „Лава-ламба“, pH-индикатор од сок од боровинка во кисела и базна средина, како и интересниот спој на масло, вода, прехранбена боја и шумлива таблета. Дел од активностите беа проследени со изненадувачки резултати!
Преку експериментите учениците ги поврзаа знаењата од часовите со појави од секојдневието и видоа дека науката може да се испита и доживее, а не само да се учи од учебник.



















„Лебдечки дискови – фотосинтеза“ чекор по чекор







