Вечерва со почеток во 18ч во Трговскиот центар Рамстор, се реализираше хуманитарна изложба и настап на Златно Славејче.
Собраните средства ќе бидат наменети за помош во лекувањето на Леонид Индов.
Учество во хуманитарната изложба имаа учениците од нашето училиште ООУ „Димитар Миладинов“ – Скопје, Центар кои со својата хуманост успеаа да пренесат порака до сите, дека хуманите дела се одлика на големите луѓе. Нашите родители потврдија дека се големи луѓе.
Настанот беше во организација на Општина Центар – Скопје