Пријателски фудбалски натпревар

На ден 14.12.2023 (четврток), во спортскиот терен на ООУ. ”Димитар Миладинов” се одржаа неколку пријателски фудбалски натпревари.

• Во машка лига се натпреваруваа учениците од ДСУ. Свети Наум Охридски и членовите од репрезентацијата “Лица со Даунов синдром”.

• Во женската лига се натпреваруваа ученичките од ДСУ. Свети Наум Охридски и ученичките од ООУ.”Димитар Миладинов”

Натпреварот беше со цел дружба меѓу учениците. За време на натпреварите нашиот тим за прва помош немаше потреба од интервенирање.

ДСУ за рехабилитација и образование „Св.Наум Охридски“ – Скопје

ООУ „Димитар Миладинов“ – Скопје, Центар