На 28.03.2024 год. во рамките на проектот ,,Фудбал за сите способности”, нашето училиште одигра инклузивен фудбалски натпревар против членовите на фудбалската екипа на ДСУ за рехабилитација и образование „Св.Наум Охридски“ – Скопје и фудбалската репрезентација на лицата со Даунов синдром.
Голема благодарност за убавата дружба, енергија, топлина и споделената љубов што зрачеше од сите нас.
Нашите ученици умеат да ги идентификуваат сличностите и разликите за себе и другите, како и тоа дека и покрај нашите различности можеме да се дружиме, почитуваме, сакаме, спортуваме, да ги разбереме туѓите чувства и да сочувствуваме со нив, да развиваат емпатија.