По повод “НЛБ Месец на штедењето”, учениците од IV б одделение од ООУ”Димитар Миладинов” заедно со одделенските наставници: Даниела Гајдова и Славица Димитриевска учествуваа во награден иновациски предизвик за основните училишта на тема “Изум кој ќе го направи светот подобро место за живеење”. Со својот изум “Собирач на дождовни капки” освоија 2 место и парична награда од 2000 евра.