Општинско основно училиште „Димитар Миладинов“ – Центар, Скопје, објавува Јавен оглас за давање на користење училишен простор (фискултурна сала, свечена сала и училници) по пат на усно јавно наддавање за учебната 2026/2027 година. Огласот трае од 23.09.2026 до 29.09.2026 година.
ЈАВЕН ОГЛАС
за давање на користење училишен простор по пат на усно јавно наддавање за учебната 2026/2027 година за давање на користење на фискултурна сала, свечена сала и училници
1. Давател: Општинско основно училиште „Димитар Миладинов“ – Скопје, со седиште на Бул. „Кочо Рацин“ бр. 17 – Скопје, тел. 02/3-161-448
2. Корисник: Право да поднесе барање за користење на долу наведениот училишен простор има секое заинтересирано домашно и странско, правно или физичко лице кое е регистрирано за дејност согласно законските прописи во РСМ, согласно дејноста.
Постапката ќе се изврши со прибирање на понуди од понудувачи преку објавување на оглас во дневниот весник „Слободен печат“.
3. Предмет на користење:
- 3.1. Фискултурна сала во ООУ „Димитар Миладинов“ со големина 470 м² – 1.580,00 денари
- 3.2. Свечена сала во ООУ „Димитар Миладинов“ од 302 м² – 1.426,00 денари
- 3.3. Училници во ООУ „Димитар Миладинов“:
- 65 м² – 1.024,00 денари
- 56 м² – 892,00 денари
- 55 м² – 877,00 денари
Почетните цени се без ДДВ, изразени во нето износ и се утврдени врз основа на проценка од овластен проценител. ДДВ се изразува посебно во фактурата. Еден термин изнесува 60 (шеесет) минути.
4. Редовното користење на просторот се склучува за период до 1 (една) учебна година. Просторот наведен во точка 3 не може да се издава во подзакуп.
5. За учество во постапката заинтересираните лица доставуваат:
- пријава за учество со податоци за подносителот, адреса, контакт телефон и електронска адреса (доколку ја има), дејноста и намената за која ќе се користи просторот;
- изјава заверена кај нотар дека навремено ќе ги подмирува обврските кон Училиштето;
- изјава заверена кај нотар дека ги прифаќа условите утврдени со јавниот оглас;
- за правни лица – тековна состојба или друг соодветен доказ за регистрација и статус, издаден од Централниот регистар на Република Северна Македонија;
- за физички лица – копија од важечка лична карта;
- банкарска гаранција за учество.
Изјавите учесникот сам ги составува, потпишува и ги заверува кај нотар. Документите не треба да бидат постари од шест месеци и се доставуваат во оригинал или заверена копија.
Банкарската гаранција за учество изнесува 2% од вкупната вредност на договорот, пресметана согласно почетната цена наведена во огласот и бараните термини согласно пријавата.
6. Јавниот оглас трае 5 (пет) работни дена, од 23.09.2026 до 29.09.2026 година. Пријавите и целокупната документација доставени по истекот на овој рок нема да се разгледуваат. Документацијата во која подетално се наведени недвижностите кои се предмет на користење и термините за изнајмување може да се подигне од училиштето секој работен ден од 09:00 до 13:00 часот.
Пријавата со целокупната документација се доставува лично во архивата на ООУ „Димитар Миладинов“ – Скопје, Центар, секој работен ден од 09:00 до 13:00 часот, во затворен плик со назнака: „Јавен оглас за давање на користење на училишен простор и недвижен имот – не отворај“.
За термините кои остануваат слободни огласот има важност цела учебна година.
7. Давањето на користење на просторот ќе се спроведе по пат на усно јавно наддавање, кое ќе се одржи во просториите на училиштето на 29.09.2026 година во 13:10 часот и започнува со почетната цена утврдена за секој поединечен простор. Банкарската гаранција на учесниците кои нема да бидат избрани се враќа во рок од 15 дена по завршувањето на постапката, а на избраниот најповолен понудувач во рок од 15 дена од потпишувањето на договорот.
8. Трошоците за тековно одржување на просторот не се вклучени во надоместокот за користење и се на товар на закупецот.
9. Договорот за редовно користење има својство на веродостојна исправа со клаузула на извршност и подлежи на солемнизација кај нотар, а трошоците за солемнизацијата ги сноси корисникот.
- За децата од социјално загрозени семејства користењето на услугите на закупците е бесплатно.
Условите може да се менуваат и во текот на времетраењето на користење само со согласност од двете договорни страни и по реално оправдана потреба, исклучиво за бројот на термините.
Понудата која што нема да биде доставена со документација потпишана и заверена од страна на понудувачот, како и понуда која што нема да ги содржи сите потребни документи, ќе се смета за некомплетна и како таква нема да биде разгледувана.
Закуподавецот ги издава просториите наведени во точките 3.1, 3.2 и 3.3 по пат на прибирање на писмени понуди, при тоа подигајќи дополнителна документација од просториите на училиштето.
Документацијата во која подетално се наведени недвижностите кои се предмет на користење, како и другите услови кои корисниците треба да ги исполнат задолжително, може да се подигне секој ден од 09:00 до 13:00 часот, во просториите на секретарот на Училиштето.
Директор,
Марија Апостолова
