Посета на Ботаничката градина при ПМФ – Институт за биологија

Учениците од VII-в одделение, заедно со наставничката по биологија Рената Апостолова и одделенскиот раководител Лидија Паневска, ја посетија Ботаничката градина при Природно-математичкиот факултет – Институт за биологија во Скопје. 🌿

Во стакленикот учениците разгледаа повеќе видови сукулентни растенија, а се запознаа и со некои ендемични видови.

Посетата заврши во лабораторијата, каде што под микроскоп ги набљудуваа папратите и прашниците кај цветните растенија.

Им благодариме на Ботаничката градина за гостопримството. Учењето надвор од училницата, во живо и во пракса, остава најсилен впечаток!