Посебна чест и задоволство за ООУ „Димитар Миладинов“ – Скопје, Центар, беше поканата да бидеме гости на свечената приредба по повод патрониот празник на нашето збратимено училиште ОШ „Краљ Петар Први“ во Белград. 🇲🇰🤝🇷🇸
Нашите ученици со гордост ја претставија македонската култура и традиција преку изведбата на прекрасната македонска народна песна „Јовано, Јованке“, споделувајќи ја убавината на нашето музичко наследство и создавајќи посебен момент на поврзување преку песната.
Упатуваме искрена благодарност до директорот Ненад Матич и до целиот наставнички колектив на ОШ „Краљ Петар Први“ за топлото гостопримство, срдечниот прием и укажаната чест да бидеме дел од овој значаен свечен настан.
Со особена радост и благодарност, посакуваме соработката меѓу нашите збратимени училишта да продолжи и во иднина, да се продлабочува и да донесе уште многу заеднички активности, убави спомени и нови можности за нашите ученици.
Ви благодариме од срце, драги пријатели, за гостопримството и за пријателството што заедно го негуваме. ❤️





