Ден на мирот во ООУ „Димитар Миладинов”

Денес во нашето ООУ „Димитар Миладинов“ го одбележавме Денот на мирот со прекрасна приредба исполнета со пораки, песни и желби за мир, љубов, почит и меѓусебно разбирање.

Нашите ученици преку своите настапи испратија силна порака дека мирот започнува од нас – со добар збор, подадена рака, почит и грижа за другите. 🎶🕊️

Посебно убав момент беше настапот на училишниот хор, кој со своите песни ја збогати свеченоста и придонесе за прекрасната атмосфера.

На крајот, учениците пуштија балони со пораки за мир, испраќајќи ги своите желби високо во небото – како симбол на надежта за свет исполнет со мир, добрина и детски насмевки. 🎈🕊️

🌿 Благодарност до наставничката по руски јазик Елена Демчик и сите наставници кои учествуваа во подготовката и реализацијата на приредбата, за нивниот труд, посветеност и љубов со која заедно со учениците го одбележаа овој значаен ден.

Нека пораките на нашите ученици бидат потсетник дека мирот го градиме сите заедно, секој ден. 💙🕊️

Сите фотографии на Facebook →