Пријателство што трае со години и ги надминува границите

Со особена радост ги пречекавме нашите драги пријатели од збратименото училиште ОШ „Краљ Петар Први“ од Белград. Денови исполнети со дружење, смеа, радост, нови доживувања и искрени емоции. ❤️

Нашите гости имаа можност да го запознаат Скопје и неговото културно-историско богатство преку посети на Музејот на старата железничка станица, Спомен-куќата на Мајка Тереза, црквата „Св. Константин и Елена“, Музејот на македонската борба за самостојност, Плоштадот Македонија, центарот на градот, Археолошкиот музеј и Старата скопска чаршија.

Уживаа во вкусовите на традиционалната македонска кујна, а беа и наши драги гости на свеченоста по повод патрониот празник на нашето училиште, каде што со својот настап внесоа посебна радост и убавина.

Најголемото богатство на овие денови беа детските насмевки, новите пријателства и блискоста што се создаваше од ден на ден. А разделбата беше исполнета со силни емоции и солзи, кои само потврдија колку се искрени и силни врските што ги градиме.

Се надеваме дека нашите пријатели си заминаа со прекрасни спомени и дека од Скопје понесоа дел од нашето гостопримство, топлина и пријателство.

Нека нашето пријателство продолжи да трае и да создава уште многу убави заеднички приказни. ❤️

Види на Facebook →