Литературно читање во училишната библиотека

Денес, по повод патрониот празник на ООУ „Димитар Миладинов“, во училишната библиотека се одржа литературно читање на тема „Безгрижен свет од детски насмевки“. 📚

Нашите ученици со многу креативност и искреност твореа на оваа тема, а најуспешните литературни творби беа прочитани пред присутните, носејќи ја со себе детската искреност, фантазија и радост.

Посебна чест ни беше гостувањето на нашата драга поетеса и наставничка по музичко образование, Славјанка Димова, која прочита неколку песни од своите стихозбирки и им подари книги на учениците, поттикнувајќи ја нивната љубов кон литературата и пишаниот збор. ❤️

Сите фотографии на Facebook →