Библиотека

Библиотечен фонд

Ученикот може да позајмува книги само лично.
При секоја посета на библиотеката, за читање или изнајмување книги, задолжителна е идентификација.

Ученикот, во еден момент, може да користи најмногу четири книги. Книгите може да ги задржи според критериумите, кои зависат од видот на библиотечен материјал. Книгите кои библиотеката ги има во еден примерок, се користат во просториите на библиотеката – во читалната. Книгите кои ги има во неколку примероци, но недоволно за вкупната целна група на кои и се потребни се изнајмуваат на неколку дена, во договор со Раководителот на библиотеката.

При отпис од Училиштето, односно со завршување на образованието, Ученикот има обврска да ги врати сите позајмени библиотечни единици.