Историја

ДИМИ
ТАР

МИ

ЛА
ДИ

НОВ

Започнува со 639 ученика.

Училиштето е формирано во октомври 1954 година, кога го носи името на народниот херој од НОБ – Иво Лола Рибар, а наставата се одвивала во старата зграда на гимназијата Цветан Димов, позната како машка гимназија.

Повеќе од 30 години училиштето соработувало со училишта од СФРЈ кои го носеа името „Браќа Рибар“: од Белград, Загреб, Брежице, Осиек, Тузла, Бегеч, Никшиќ, Пеќ, Семизовац, с. Табановци.

Димитар Миладинов (1810 – 1862) е централна личност на македонската преродба.

Тој е просветител, предводник на народното будење против грчките стремежи за однародување на македонците во деветнаесетиот век. Собирач е на народни умотворби, во што му помагале неговите ученици и брат му Константин. Плод на оваа дејност е Зборникот, објавен 1861 год. , дело со голема , повекекратна вредност: културна, национална, историска.

Еден од првите борци за националното ослободување  за сестрано клтурно и материјално развивање на Македонците. Од него секој Македонец има што да научи. Неговиот пример е пример достоен за следење, тој е најсјајната светилка за сите нас што уште сме без светлина.