Правилник за однесување

ООУ„ ДИМИТАР МИЛАДИНОВ “ Центар, Скопје

ПРАВИЛНИК
за однесувањето на вработените, учениците, родителите  

Член 1

Со овој правилник се утврдуваат основните правила на однесување на  вработените,учениците, родителите и трети лица.

Член 2

Со почитување на правилата се обезбедува: успешно одвивање на воспитно образовната работа; подобрување на работната дисциплина; безбедност во  училиштето и заштита на училишниот имот.

Член 3

Во училиштето се изградуваат и развиваат меѓусебни односи на разбирање  и почитување.

Член 4

Во училиштето не се дозволени активности со кои се загрозуваат, омаловажуваат или дискриминираат поединци или групи по било каков  основ.

Член 5

Ученикот има право да ја посетува наставата и да учествува во воспитно образовната работа во училиштето.

Член 6

Ученикот има обврска редовно да ја посетува наставата и да ги исполнува  планираните обврски и задачи што се предвидени со наставниот план.  

Член 7

Забрането е телесно и психичко малтретирање на ученикот.

Член 8

За учениците кои ги прекршуваат правилата на воспитно-образовната работа  се применуваат педагошки мерки што се утврдени со Законот за основно  образование (чл.72)

Член 9

Учениците се пофалуваат и наградуваат на начин утврден со Законот за  основно образование (чл. 75)

Член 10

Вработените имаат обврска со својата работа, однесување и изглед да  придонесуваат за угледот на Институцијата – ОУ

Член 11

  • вработените имаат обврска да се грижат за остварување и почитување  на правата, обврските и одговорностите на учениците;
  • наставникот е одговорен за работната атмосфера, дисциплината и  безбедноста на учениците на часот;
  • секој училишен проблем наставниците треба да го решаваат навремено, конструктивно,постапно(наставник-ученик,наставник-ученик одделенски раководител, наставник-ученик-родител, наставник-ученик стручна служба);
  • одделенскиот раководител е должен да биде во постојана комуникација  со родителот, навремено и конкретно да го информира, да бара ангажман  и соработка во решавање на проблемите;
  • не е дозволено наставникот да отстранува ученици од часот; наставникот има обврска да го прими на час ученикот кој доцни и истото  да го евидентира;
  • вработените имаат обврска редовно и на време да доаѓаат на работа наставниците се должни да дојдат во училиште 30 мин. пред почетокот  на часот;  
  • за секое отсуство од работа или предвремено заминување, треба да биде  известен директорот;
  • вработените треба да доаѓаат на работа прикладно облечени водејќи  сметка дека со својот надворешен изглед придонесуваат за угледот на  својата професија и воспитно делуваат на учениците;
  • наставниците за време на часовите не треба да користат мобилен  телефон;
  • наставниците и стручните соработници се должни редовно и активно да  се вклучуваат во работата на Стручните органи на училиштето; непочитувањето на правилата од Чл.10/11 на овој Правилник ќе биде  санкционирано согласно Законската регулатива.

Член 12

  • ученикот треба да дојде во училиште најмалку 10 минути пред почетокот  на часот;
  • ученикот кој задоцнил, има обврска да влезе на часот и без да попречува  да се вклучи во работата;
  • за секое отсуство од часовите ученикот е должен навреме да го извести  одделенскиот раководител ( или предметниот наставник, стручната  служба, директорот);
  • ученикот не смее без одобрение од наставникот да го напушти часот; ученикот треба културно и коректно да се однесува кон другите ученици,  наставниците и вработените во училиштето;
  • ученикот треба да се воздржува од употреба на навредливи зборови, поттикнување и учество во тепачки;
  • за решавање на проблемите во односот со другите ученици,  наставниците или други лица ученикот треба да побара помош од  одделенски раководител, наставник, педагог, психолог, директор;
  • ученикот треба да биде прикладно облечен, да се грижи за личната  хигиена и уредност;
  • ученикот не смее да носи опасни предмети и средства кои може да ја  загрозат безбедноста во училиштето (спрејови, петарди, камења, шипки,т.н.боксери, ножиња,запалки и др. слични предмети ); ученикот треба да се грижи за училишниот инвентар;
  • а време на часовите ученикот не треба да користи мобилен телефон (мобилните телефони се оставаат во просторот предвиден за нив во  секоја училница);
  • по завршување на училишните активности и обврски ученикот треба  мирно да замине од училиштето и училишниот двор.

Член 13  

Секој е одговорен за своите материјални добра во училиштето (лични  работи на вработените и учениците)

 

 Член 14

Родителите на учениците и други надворешни лица имаат обврска да ги  почитуваат правилата и другите општи акти на училиштето.

Член 15

Родителите и другите надворешни лица при влегување во Училиштето имаат обрска да се пријават кај дежурното лице.

Член 16

Родителите на учениците и други надворешни лица треба да се  однесуваат културно и коректно кон учениците и вработените во  училиштето.

Член 17

  • родителите треба редовно да се интересираат за учењето и  однесувањето на своето дете;
  • родителите треба да соработуваат со одделенскиот раководител и  предметните наставници и редовно да доаѓаат на родителските средби; родителите треба училишните проблеми да ги решаваат низ директна и  конструктивна комуникација исклучиво со одделенскиот раководител,  наставниците, стручната служба, директорот. Не е дозволено  родителите да се расправаат со соучениците на своето дете како и  со нивните родители.  
  • родителите се должни навремено да ги најавуваат и оправдуваат  отсуствата на своето дете;
  • родителите треба да го почитуваат временскиот распоред на часовите и  да не влегуваат во училница за време на наставата;
  • родителите се должни да го земат своето дете најдоцна до 17 часот, кога  завршува дежурството на наставниците од одделенска настава; секоја намерно направена штета од страна на ученикот, родителот е  должен да ја надомести.

ООУ „ Димитар Миладинов “
Центар,Скопје